• четврток, 26 март 2026

Двајца новинари загинаа во израелски напади во Појасот Газа

Двајца новинари загинаа во израелски напади во Појасот Газа

Газа, 24 март 2025 (МИА) - Катарската телевизија Ал Џезира денеска објави дека нејзин новинар загинал во израелски напад врз неговиот автомобил во северниот дел на Појасот Газа.

Хосам Шабат работел за Ал Џезира Мубашер, сервис на арапски јазик.

Цивилната одбрана на Појасот Газа го потврди тоа, како и загинувањето на вработен во палестинската телевизија „Исламски џихад Палестина денес“, Мохамед Мансур во друг напад во јужниот дел на територијата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан