• среда, 24 јули 2024

Најмалку десет израелски војници загинаа во заседа во Газа

Најмалку десет израелски војници загинаа во заседа во Газа

Газа, 13 декември 2023 (МИА) - Најмалку десет израелски војници, вклучително и двајца команданти, загинаа во заседа во градот Газа, соопшти израелската армија.

Израелските копнени сили сè уште се во жестоки судири со палестинските борци во и околу градот Газа, повеќе од шест недели по инвазијата на северот.

Судирите од претходната ноќ продолжија и утрово на повеќе места, а најинтензивни се во населбата Шеѓаија, каде што била поставена заседата, објавија израелските медиуми.

Во копнената офанзива која започна на 27 октомври, десет дена по почетокот на војната против Хамас, досега се убиени 115 израелски војници. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан