• петок, 22 ноември 2024

В сабота прослава во Нерези по повод Денот на независноста

В сабота прослава во Нерези по повод Денот на независноста

Скопје, 5 септември 2024 (МИА) - По повод Денот на независноста - 8 Септември, в сабота во скопско Нерези ќе се одржи прослава на игралиштето, со почеток од 20 часот.

Организатори на настанот се група граѓани Обединето Нерези и ова е петта година како го одбележуваат најголемиот државен празник.

- Идејата за одбележување на празникот ја инициравме десетина луѓе за време на карантинот, кој беше воведен поради корона вирусот. Првата прослава ја организиравме во 2020 година, и од година во година, бројот на присутни расте. Ние, секако, ја сакаме Македонија. Но, можеби карантинот ни даде повеќе слободно време и дојдовме на идеја да почнеме една убава манифестација, велат од Обединето Нерези.

Покрај жителите на Нерези, на прославата доаѓаат и граѓани од другите скопски населби. Собраните средства од прославата, Обединето Нерези, ги донира на оние на кои им се најпотребни.

Оваа година гостите ќе ги забавува диџеј. Организаторите ги канат сите заинтересирани кои сакаат да го прослават заедно со нив Денот на независноста, да дојдат на 7 септември на игралиштето Нерези. мд/аа/

 

 

Остани поврзан