Вјоса Османи: Суспендирање на одлуката за укинување на визите за Косовците би го убила дијалогот со Белград
- - Би рекла дека ова е начин да се убие дијалогот еднаш засекогаш. Ако некој сака да го запре дијалогот, тогаш нека преземе такви мерки, кои се казнени мерки против народот на Косово. Овие мерки не се против ниту еден лидер, тие не се против политиката, тие се против народот на Косово, рече таа за време на посетата на споменикот на исчезнатите во Приштина.
Приштина, 30 август 2023 (МИА) - Косовската претседателка Вјоса Османи денеска изјави дека евентуална одлука за укинување на визниот систем за косовските граѓани од 1 јануари 2024 година ќе го уништи дијалогот меѓу Косово и Србија.
Таа реагираше на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој завчера рече дека неговата земја ќе ги преразгледа преземените обврски во однос на економските прашања и визната политика за Косово и Србија, „доколку тие се однесуваат одговорно“.
- Би рекла дека ова е начин да се убие дијалогот еднаш засекогаш. Ако некој сака да го запре дијалогот, тогаш нека преземе такви мерки, кои се казнени мерки против народот на Косово. Овие мерки не се против ниту еден лидер, тие не се против политиката, тие се против народот на Косово, рече таа за време на посетата на споменикот на исчезнатите во Приштина.
Таа додаде дека тоа ќе биде казна без преседан, која ќе биде голема неправда за народот на Косово и која ќе резултира со смрт на дијалогот.
Никој нема мандат да оди во Брисел, кога се казнува народот на Косово, потенцираше Османи.
Косовската претседателка истакна дека на 1 септември ќе бидат подготвени упатства за одржување вонредни избори во четири општини на северот на Косово, штом се создадат законски услови за одржување избори во општините Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.
Таа изрази и очекување дека на следната средба на високо ниво меѓу Косово и Србија „Европската Унија ќе утврди дека нејзините барања се исполнети и дека се исполнети сите услови за укинување на мерките против Косово кои се неправедни“.
Претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, најави можност во септември да се одржи средба меѓу премиерот Албин Курти и претседателот Александар Вучиќ. ссм/
фото: архива