Вјоса Османи разговараше со своите министри за „непријателските акции на Србија“

Приштина, 30 септември 2023 (МИА) - Претседателката на Косово, Вјоса Османи денеска одвоено разговараше со министрите за одбрана и внатрешни работи на Косово, Ејуп Маќедонци и Дељаља Свечља.
Нејзиниот кабинет соопшти дека на средбата со министерот за одбрана, на која присуствувал и командантот на БСК, генерал-потполковник Башким Јашари, разговарале за „безбедносните случувања и непријателските дејствија на Србија кон Косово“, за работата на косовските безбедносни институции и „координација со нашите сојузници и меѓународното безбедносно присуство на Косово“.
Како што е соопштено, таа разговарала за „неодамнешната безбедносна ситуација на Косово“ со министерот за внатрешни работи Џељаља Свечља и генералниот директор на косовската полиција Газменд Хоџа Османи.
Османи истакна дека „Косово останува посветено на мирот и безбедноста во земјата и регионот и дека косовските институции ќе дејствуваат во блиско партнерство со нашите сојузници во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Косово против дестабилизирачките дејства на Србија против Косово“. зш/