• недела, 22 декември 2024

Вјоса Османи: Косово е подготвено да одржи нови избори на север во државата

Вјоса Османи: Косово е подготвено да одржи нови избори на север во државата

Кишињев, 1 јуни 2023 (МИА) -  Претседателката на Косово Вјоса Османи изјави дека косовските власти се подготвени да го разгледаат барањето на лидерите на Франција и Германија за одржување нови локални избори во четири општини на северот на Косово.

Бидејќи францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц изјавија дека денеска во Молдавија  апелирале до Србија и Косово што поскоро да организираат нови избори на северот на Косово, со учество на Срби, Османи рече дека им кажала дека законските процедури дозволуваат одржување нови избори.

„Тоа не се прави веднаш, но има законски процедури што им овозможуваат на граѓаните да одлучат дали сакаат избори“, изјави Османи по заедничката средба со Макрон и Шолц на самитот на Европската политичка заедница во Молдавија.

Османи на Твитер напиша дека разговарала со Макрон и Шолц за последните случувања на Косово и „заедничките напори за мир, безбедност и стабилност“.

Макрон и Шолц денеска имаа заедничка средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

По тие средби со Вучиќ и Османи, Макрон изјави дека е договорено во наредните недели да се донесе „јасна одлука“ за ситуацијата на северот на Косово. зш/
фото Твитер

Остани поврзан