• петок, 15 ноември 2024

Вјоса Османи ги повика Албанците во јужна Србија масовно да излезат на гласање

Вјоса Османи ги повика Албанците во јужна Србија масовно да излезат на гласање

Приштина, 17 декември 2023 (МИА) – Претседателката на Косово, Вјоса Османи ги повика Албанците од Прешево, Медвеѓе и Бујановац во јужна Србија масовно да излезат на гласање на парламентарните и општинските избори што се одржуваат денеска во Србија, јави дописникот на МИА  од Приштина.

Османи порача дека масовното учество на изборите во Србија на Албанците од областа позната како Прешевска Долина ќе биде „најсоодветниот и најдемократски одговор против шовинистичката политика на Белград“.

- Масовното учество на нашиот народ во Прешево, Медвеѓе и Бујановац на денешните парламентарни избори е најсоодветен и најдемократски одговор против шовинистичката политика на Белград, кој пред очите на целиот свет продолжува да врши етничко чистење врз Албанците од Долината преку административни мерки. Затоа, ги повикувам сите сонародници од таа област, да го искористат своето основно право на глас, иако и ова нивно право и понатаму е на удар на режимот во Белград, се вели во пораката на Османи, која ја објави нејзиниот кабинет. иа/сд/

Остани поврзан