• петок, 05 декември 2025

Вчерашното невреме предизвика големи штети во струмичко

Вчерашното невреме предизвика големи штети во струмичко

Струмица, 6 јуни 2025 (МИА) - Вчерашното невреме проследено со силен дожд, ветер и град предизвика големи штети на земјоделските површини и пластениците во селата Муртино, Еднокуќево и Босилово. Според жители од овие населени места, штети има најмногу на пластениците, кои од силниот ветер се урнати, а поголема површина е поплавена.

Денеска се огласи градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој преку неговиот фејсбук профил информираше дека веднаш е формирана Комисија за проценка на штетите во селото Муртино и ги повика сите кои претрпеле штета од понеделник да ја пријават во Општината.

-Сега топката е кај Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Јасно и гласно порачувам: не смеете да ги заборавите овие луѓе. Муртино не е политичка категорија – тоа се чесни луѓе кои живеат од својата земја. Бараме 100 отсто обесштетување. Сѐ помалку од тоа ќе биде навреда и омаловажување за секој што изгубил плод, имот или покрив над главата, напиша Костадинов.

И градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, информира дека штети се евидентирани во селата Еднокуќево и Босилово и дека од понеделник ќе се знае какви мерки ќе преземат како Општина. рт/дма/

Фото: Жители на село Еднокуќево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан