• петок, 22 ноември 2024

Вучиќ: Уапсени две лица осомничени за убиство на Данка Илиќ

Вучиќ: Уапсени две лица осомничени за убиство на Данка Илиќ

Белград, 4 април 2024 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се уапсени две лица осомничени за убиството на Данка Илиќ и додаде дека сторителите го признале убиството, јави дописникот на МИА од Белград.

- Имам лоши вести за малечката Данка од Бор. Полицијата уапси две лица кои го извршиле убиството на малечката Данка и колку што сфатив и двајцата го признале убиството. Со какви монтруми ние имаме работа. Сега ги водат до местото каде го фрлиле телото на детето. И благодарам на полицијата на големиот труд и ангажман, рече Вучиќ.

Полицијата соопшти дека „по десетдневна истрага, детални проверки на сите траги и информации, ги уапсила С.Ј (50) и Д.Д.(50) од Бор, поради сомнеж дека ја убиле двегодишната Данка Илиќ“.

Од РТС соопштија дека најверојатно станува збор за двајца работници од ЈК претпријатие Водовод, за кои не се знае дали детето го убиле од невнимание или смислено, по што детето го фрлиле на некоја од депониите во Бор. Во моменов тие се со полицијата во потрага по телото на двегодишната Данка.

Десет дена траеше потрагата по двегодишната Данка Илиќ која исчезна во Бањско поле кај Бор. об/паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан