• четврток, 26 март 2026

Вучиќ телефонски разговараше со Зеленски за билатералната соработка и европскиот пат на Србија и Украина

Вучиќ телефонски разговараше со Зеленски за билатералната соработка и европскиот пат на Србија и Украина

Белград, 22 мај 2025 (МИА) -  Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше телефонски со украинскиот претседател Володимир Зеленски за билатералната соработка и европскиот пат на Србија и на Украина.

Вучиќ на својот Инстаграм профил  објави дека имал посебен разговор со Зеленски за соработката во форматот Украина-Југоисточна Европа.

„Добар и отворен разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Разговаравме за билатералната соработка, европскиот пат на Србија и Украина, а особено за соработката во форматот Украина - Југоисточна Европа“, напиша Вучиќ на Инстаграм. зш/
фото Вучиќ/Инстаграм

Остани поврзан