• сабота, 23 ноември 2024

Вучиќ со Лајчак за зголемените предизвици со кои се соочува Србија

Вучиќ со Лајчак за зголемените предизвици со кои се соочува Србија

Белград, 16 април 2024 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Мостар, каде што е во посета, се сретна со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, со кого, како што рече, имал „отворен и конкретен разговор“ за растечките предизвици со кои се соочува Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Уште еден отворен и конкретен разговор со Мирослав Лајчак за растечките предизвици пред нас, положбата на српскиот народ, настаните на Косово и Метохија и се помалиот простор за решавање на отворените прашања преку конструктивен дијалог и почитување на меѓународното право, напиша Вучиќ на неговиот Инстаграм профил.

Вучиќ повторил оти Србија „упорно продолжува да води одговорна и сериозна политика на зачувување на мирот и стабилноста“, како и нагласил дека за Србија „нема повлекување или компромис“ кога станува збор за безбедноста на српската народот и заштитата на националните интереси. об/сд/

Остани поврзан