• недела, 24 ноември 2024

Вучиќ: Предлогот од 21 октомври од големата петорка е добра основа за продолжување на разговорите

Вучиќ: Предлогот од 21 октомври од големата петорка е добра основа за продолжување на разговорите

 Белград, 26 октомври 2023 (МИА)- Во разговорите во Брисел разговаравме за сите теми и договори, јас јасно кажав дека Србија не може да прифати членство на Косово во ОН или независност на Косово, но дека сме подготвени да го исполниме договореното, предлогот од 21 октомври добиен за врема на посетата од „големата петорка“ е добра основа за продолжување на разговорите во иднина, изјави Вучиќ по средбата, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ кажа дека на средбите се разговарало за сите клучни теми - од деескалација до имплементација на договорите кои биле потпишани или договорени во минатото.

-Отсекогаш нагласувавме само едно, секогаш повторувавме дека Србија не може да прифати членство на Косово во ОН, ниту независност на Косово. Во предлогот што го добивме во Белград на 21 октомври го изразивме нашето верување дека тоа е добра основа за продолжување на работата во иднина, единствената резерва се однесува на членството на Косово во ОН, независноста на Косово, рече Вучиќ по средбата.

Како што појасни овој предлог се однесува исклучиво на формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО), а Белград е целосно подготвен за формирање ЗСО согласно овој предлог.

-За предлогот од 21 октомври рековме дека сме подготвени да го прифатиме и дека ќе го спроведеме. Не можам да зборувам за детали бидејќи не беше договорено да разговараме за деталите. Како што гледате, многу правилно се придржувавме и никаде не протече ниту еден детал, рече Вучиќ.

Како што кажа, никој во Брисел не спомнал санкции против Србија и намеше прашања за поптпишување за било што.

Тој посочи дека Белград знае кои се обврските и што останало од претходниот договор од 2011 година и дека се многу блиску до конечни договори за енергетиката, како и дека „Електросевер“ утре има средба со КЕЗ.

-Она што е важно за нас, знаете дека од тие принципи што се потпишани од 2015 година, а тоа е дека Србија може да финансира различни активности, пред се образованието и здравствената заштита, тоа за нас е од клучно значење, нагласи претседателот на Србија по маратонските разговори со лидерите на земјите членки на ЕУ и посредниците во дијалогот со Приштина.

об

Остани поврзан