• вторник, 25 јуни 2024

Вучиќ подготви вечера за Заев и Рама во Словенија

Вучиќ подготви вечера за Заев и Рама во Словенија
Белград, 31 август 2021 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој утре ќе учествува на Бледскиот стратешкиот форум, организираше вечера за премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, јави дописникот на МИА од Белград. Тој на Инстаграм налогот „будучностсрбијеав“ објави заедничка фотографија со премиерите Заев и Рама со наслов-Бледски форум во сенка на Отворен Балкан! Добро дојдовте драги пријатели! -Се наоѓаме во ресторан „Земоно“ на почесниот конзул на Србија Томаж Кавчиќ, секако едно од најдобрите места во регионот. Бидејќи јас сум организатор на вечерата и домаќин на Зоран Заев и Еди Рама овде во„ Земон“, со помош на Томаж морам се добро да подготвам, а оваа мангулица во леб е посебен специјалитет, напиша Вучиќ со фотографија од ресторанот. об/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан