• понеделник, 22 април 2024

Вучиќ од Охрид: Ковачевски добар домаќин кој сака да придонесе кон конструктивното продолжување на дијалогот

Вучиќ од Охрид: Ковачевски добар домаќин кој сака да придонесе кон конструктивното продолжување на дијалогот

Белград, 18 март 2023 (МИА) – Му се заблагодарив на мојот пријател Димитар Ковачевски за тоа што како добар домаќин сака да придонесе кон конструктивното продолжување на дијалогот, напиша српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм по денешната средба со премиерот Ковачевски во Охрид.

Како што јави дописиникот на МИА од Белград, Вучиќ престојува во Охрид за да учествува на средба на високо ниво во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, чиј домаќин е премиерот Ковачевски.

Ковачевски претходно се сретна и со косовскиот премиер Албин Курти, како и со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеф Борел и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак. об/сп/

Остани поврзан