Вучиќ: Одговорните за инцидентите во Парламентот треба кривично да одговараат
- Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по вчерашните инциденти во Парламентот, изјави дека чека да се изјасни Обвинителството и оти нема да се смири „додека тие што го направија тоа не одговараат“

Белград, 5 март 2025 (МИА) – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по вчерашните инциденти во Парламентот, изјави дека чека да се изјасни Обвинителството и оти нема да се смири „додека тие што го направија тоа не одговараат“.
Тој вчерашните инциденти ги нарече „силеџиско и хулиганско однесување“ и ги обвини опозициските пратеници дека на измама успеале да внесат во Парламентот пиротехнички средства.
Вучиќ посочи и дека ќе бара кривична одговорност за одговорните.
Српскиот претседател посочи и дека трите пратенички кои вчера беа повредени се добро и во стабилна состојба. ми/
фото: ЕПА