• сабота, 27 јули 2024

Вучиќ кај Бајден: Ја потврдивме посветеноста за подобрување на билатералните односи

Вучиќ кај Бајден: Ја потврдивме посветеноста за подобрување на билатералните односи

Белград, 22 септември 2023 (МИА)-Српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше на официјалниот прием на американскиот претседател Џозеф Бајден. Пред тоа, за време на гостувањето на американската телевизија Њузмакс, изјави дека се плаши од ескалацијата на мерките што неодамна ги презеде косовскиот премиер Албин Курти и да Белград очекува „јасен сигнал“ од администрацијата на САД и ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ на својот Инстаграм профил денеска соопшти дека на официјалниот прием кај претседателот на САД ја потврдил заложбата за натамошно унапредување на билатералните односи меѓу двете земји, објавувајќи фотографија од приемот кај Бајден,

Пред тоа за време на гостувањето во утринската програма „Разбуди се Америка“ на американската телевизија Њузмакс, Вучиќ кажа дека многу се плаши од ескалацијата на мерките што неодамна ги презеде косовскиот премиер Албин Курти.

-Многу се плашам од ескалацијата на мерките што неодамна ги презеде Курти и се плашам дека тоа ќе го повтори утре, задутре, секој ден. Тоа го прави само за да ги провоцира Србите и не знам што очекува. Видов дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен реагираше, дека ЕУ реагираше, но тоа не беше доволно силно направено за да се убеди Курти да престане со ваквите провокации, изјави Вучиќ коментирајќи ги тензиите меѓу Белград и Приштина.

На новинарско прашање дали мисли дека реакциите треба да бидат посилни, Вучиќ рече дека Белград би сакал да види „јасен сигнал од администрацијата на САД и ЕУ.

Претседателот на Србија посочи дека секогаш кога треба да реагираат, „не е важно кој е виновникот, чија е вината, секогаш двете страни се повикуваат на одговорност“. об/

Остани поврзан