• вторник, 19 ноември 2024

Вучиќ: Изборите ќе бидат на 17 декември, ќе ги распишам следната недела

Вучиќ: Изборите ќе бидат на 17 декември, ќе ги распишам следната недела

Белград, 25 октомври 2023 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва повтори дека изборите ќе се одржат на 17 декември и додаде дека ќе ги распише следната недела.

„Зборувам за парламентарните избори за кои сум надлежен, врз основа на образложен предлог на владата. Начинот на кој оди уставната процедура и во согласност со Законот за претседател на Републиката“, изјави Вучиќ за РТС.

Тој додаде дека претседателот на Собранието на Србија пред тоа ќе распише избори во повеќе од 60 единици на локалната самоуправа, по што ќе бидат распишани покраински избори. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан