• четврток, 18 декември 2025

Вучиќ во прва посета на Украина од почетокот на војната, учествува на самитот Украина-Југоисточна Европа

Вучиќ во прва посета на Украина од почетокот на војната, учествува на самитот Украина-Југоисточна Европа

Белград, 11 јуни 2025 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ учествува денеска на самитот Украина-Југоисточна Европа, соопшти неговиот кабинет. Беше наведено дека Вучиќ ќе биде во еднодневна посета на Украина.

Самитот Украина-Југоисточна Европа се одржува во Одеса. Лани, третиот самит се одржа во Дубровник.

Вучиќ се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски неколкупати на меѓународни форуми во странство, но ова е негова прва посета на Украина од почетокот на руската инвазија врз таа земја во февруари 2022 година. Зеленски не беше во Србија, но неговата сопруга го посети Белград.

Олена Зеленска и тогашниот министер за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, беа во Белград на 13 мај 2024 година. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан