Вулин и Шојгу: Зајакнување на соработката против „обоени револуции“
- Руската страна ја изразила својата подготвеност да продолжи да му дава поддршка на српскиот народ во одржувањето на стабилноста, а соговорниците се согласиле да ги зајакнат меѓуресорските контакти за спротивставување на „обоените револуции“, се наведува во соопштението.

Москва, 18 февруари 2025 (МИА) - Потпретседателот на српската влада, Александар Вулин, и секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, во Москва ја потврдија своето категорично противење на мешањето во внатрешните работи на суверените држави и договорија интензивирање на дијалогот за борба против т.н. „обоени револуции“, соопшти српската влада.
Руската страна ја изразила својата подготвеност да продолжи да му дава поддршка на српскиот народ во одржувањето на стабилноста, а соговорниците се согласиле да ги зајакнат меѓуресорските контакти за спротивставување на „обоените револуции“, се наведува во соопштението.
Вулин и Шојгу договориле континуирани контакти преку Советот за безбедност на Русија со цел зајакнување на традиционално пријателските врски меѓу Србија и Русија, како и меѓу двата народа, стои во соопштението на Владата на Србија. ссм/
фото: архива