• петок, 22 ноември 2024

Втор состанок на политички директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ

Втор состанок на политички директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ

Скопје, 8 март 2024 (МИА) - Во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија се одржа вториот Состанок на политички директори на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), на кој беа присутни и претставници на Советот за регионална соработка (СРС) и на Европската Унија.

Северна Македонија претседава со Процесот за соработка во Југоисточна Европа во периодот јули 2023 - јуни 2024 година, под мотото „Премостување поделби, градење доверба“.

-На состанокот се разменија мислења за актуелните прашања од интерес за Регионот и нивното влијание врз регионалната соработка, Планот за раст за Западен Балкан на Европската Унија и влијанието на моменталната геополитичка ситуација на евроинтегративниот процес, за поддршката на европската интеграција и одржливиот развој преку соработка помеѓу учесниците во Процесот, како и за тековните активности на претседавањето на Северна Македонија со оваа иницијатива, соопшти МНР.

Република Северна Македонија е учесник во Процесот од самото негово формирање, а претседава по трет пат, по тие во 2000 – 2001 година и во  2012 – 2013 година. дма/са/

Фото:МНР

 

Остани поврзан