• понеделник, 20 мај 2024

Втор пораз на македонските одбојкари на гостувањето во Србија

Втор пораз на македонските одбојкари на гостувањето во Србија
Велико Градиште, 14 мај 2021 (МИА) – Македонските одбојкари со два порази го завршија пријателскиот двомеч на гостински терен против Србија, откако вечерва загубија со идентични 3:1, како и на вчерашната прва пресметка против европскиот првак во Врњачка бања. Србија, која вечерва настапи со Б-тимот, ги реши во своја корист воведните два сета (25:17, 28:26), по што избраниците на македонскиот селектор Никола Матијашевиќ внесоа резултатска неизвесност во мечот добивајќи го третиот сет 25:23. Сепак, српските одбојкари со идентичен резултат го освоија четвртиот сет за конечен триумф од 3:1. Двата натпревари против Србија за македонските одбојкари беа завршни проверки пред настапот во групната фаза во Европската сребрена лига, од 21 до 23 мај во Струмица. ег/мд/

Остани поврзан