• понеделник, 15 јули 2024

Втор пораз за ТФТ во АБА2-лигата

Втор пораз за ТФТ во АБА2-лигата
Златибор, 19 октомври 2022 (МИА) – Македонскиот куп-освојувач, тимот на ТФТ го претрпи вториот пораз во регионалната АБА2-лига. Тимот од скопско Тафталиџе вечерва загуби од Сутјеска со 99:69 во второто коло од турнирот што се одржува во Златибор, Србија. Победникот се наѕираше веќе на полувремето, бидејќи црногорскиот претставник имаше водство со 41:25. Слично како и во првото коло кога ТФТ загуби од Пелистер, избраниците на тренерот Боро Смилковски се прикажаа во бледо издание и далеку од формата што тимот ја покажуваше мината сезона. Само Мекбрајер со 16 и Бишоп со 10 поени бе адвоцифрени, додека кај победникот се истакнаа Копривица со 27, Томашевиќ со 19, и Поповиќ со 17 поени. Вториот македонски претставник во ова натпреварување, Пелистер од Битола вечерва од 21 часот ќе се соочи со Шенчур. зс/

Остани поврзан