• среда, 08 мај 2024

Втор пораз за МЗТ Скопје во АБА2 лигата

Втор пораз за МЗТ Скопје во АБА2 лигата

Златибор, 14 ноември 2023 (МИА) - Македонскиот шампион МЗТ Скопје попладнево во Златибор загуби од Хелиос со 87:83 на вториот турнир во АБА2-лигата.

Избраниците на тренерот Васко Атанасов не успеаја да се радуваат на победата и покрај тоа што во второто полувреме водеа со 15 поени разлика.

За МЗТ Скопје ова беше втор пораз во третиот натпревар од регионалното кошаркарско натпреварување.

Најефикасни во македонскиот состав беа Војдан Стојановски со 19 и Душан Танасковиќ со 18 поени. 

Следниот натпревар МЗТ го игра на 16 ноември со Сутјеска. зс/

Фото: АБА-лига

Остани поврзан