• петок, 22 ноември 2024

Втор пораз за Алкалоид во Европската лига

Втор пораз за Алкалоид во Европската лига

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) – Во свој трет натпревар и втор на домашен терен од ракометната Европска лига, екипата на Алкалоид го забележа вториот пораз. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ поуспешен од македонскиот вицепрвак беше дански Бјерингбро – Силкеборг со 31:23.

Слично како и на натпреварот од првото коло со Војводина, Алкалоид имаше многу промашени „зицери“ и нереализирани пет пенали. 

По почетното водство со 3:0 за Алкалоид, гостите од Данска полека фатија резултатски приклучок, а веќе во 12. минута го имаа првото водство (5:6). Во 25. минута беше +6 за Силкеборг (8:14), а на полувреме на семафорот стоеше резултатот 12:16.

Во вторите 30 минути, Алкалоид се обидуваше да ја намали разликата, но гостинскиот голман Микел Ловквист не дозволи да се влезе во неизвесна завршница. 

Најдобар играч во македонскиот тим беше Иван Џонов кој постигна седум гола.

Кај Силкеборг се истакна Лудвик Халбек со девет погодоци. 

По три кола Алкалоид има еден бод, Силкеборг четири.

Во другиот натпревар од 3. коло во Ф-групата вечерва Војводина на домашен терен игра со Ла Риоха. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан