Втор летен камп по вероучение во Битуше, продолжување на духовната мисија меѓу младите
- Во Бигорскиот скит посветен на светите сесловенски просветители и учители, браќата Кирил и Методиј, над долнореканското село Битуше, се одржа вториот летен камп по вероучение. -Овој втор камп од вкупно шесте планирани, претставуваше уште една значајна можност за духовното воспитување и издигнување на најмладите генерации. Децата, исполнети со детска радост и љубопитност, беа вклучени во разновидни активности, меѓу кои: византиско пеење, креативни работилници, како и актерска школа под водство на македонскиот актер Владо Дојчиновски, вели сестра Ефимија.
Дебар, 6 јули 2025 (МИА) - Во Бигорскиот скит посветен на светите сесловенски просветители и учители, браќата Кирил и Методиј, над долнореканското село Битуше, се одржа вториот летен камп по вероучение.
-Овој втор камп од вкупно шесте планирани, претставуваше уште една значајна можност за духовното воспитување и издигнување на најмладите генерации. Децата, исполнети со детска радост и љубопитност, беа вклучени во разновидни активности, меѓу кои: византиско пеење, креативни работилници, како и актерска школа под водство на македонскиот актер Владо Дојчиновски, вели сестра Ефимија.

Според неа часовите по вероучение биле посветени на најзначајните теми што го обликуваат општеството.
Додава дека секојдневните рекреативни активности, кои децата ги практикуваа заедно со професорката и активистка Мими Стојановска, како и работилниците и дружењата во мирот на планинската убавина, создале незаборавни спомени за сите нив.

-Духовната искра која засветли во овој втор камп, продолжува да ја потврдува мисијата на овие собири – да ги воспитаат младите во православната вера, љубовта кон ближниот и одговорноста кон заедницата, создавајќи силни основи за нивниот понатамошен духовен раст, посочува сестра Ефимија.
Вториот летен камп го посетуваа 30 деца од разни делови на државава. вт/аа/
Фото: Бигорски манастир