• петок, 22 ноември 2024

Втор круг од претседателските избори во Аргентина: Се избира меѓу симпатизер на Трамп и поранешен перонситички министер

Втор круг од претседателските избори во Аргентина: Се избира меѓу симпатизер на Трамп и поранешен перонситички министер

Буенос Аирес, 19 ноември 2023 (МИА) - Гласачите во Аргентина денеска ќе излезат на втор круг од претседателските избори, каде ќе одлучуваат меѓу екстремниот десничар Хавиер Милеј и левичарот Серхио Маса.

Американските медиуми наведуваат дека Малеј често пати го споредуваат со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кого тој исклучително го цени, додека Маса е поранешен министер за економија од Перонистичката партија, која со децении го има главниот збор во аргентинската полиција.

Би-Би-Си потсетува дека во првиот круг Маса освои 36,7 отсто од гласовите, пред Милеј, со 30 отсто.

Меѓутоа, анкетите покажуваат дека Милеј, кој вети дека ќе го „разнесе“ политичкиот систем во Аргентина, ќе добие повеќе гласови.

Избирачките места ќе бидат отворени во 8:00 часот по локално време (12:00 часот по средноевропско време), а ќе бидат затворени во 18:00 часот.

За победа се неопходни 45 проценти од гласовите.

Кандидатката од првиот круг, која на 22 октомври заврши како трета, конзервативната политичарка Патриша Булрих, го поддржа Милеј, па најновите анкети покажуваат дека повеќето од нејзините гласачи ќе го дадат својот глас за самопрогласениот „анархо-капиталистка“.

Милеј (53) е економист чија реторика против естаблишментот му донесе популарност, особено меѓу помладите гласачи разочарани од традиционалната политика.

Неговата партија Либертад Аванза, која тој ја основа во 2018 година, гласачите ја гледаат како неизвалкана со грешки од минатото, а голем дел од неговата привлечност произлегува од фактот дека гласачите се подготвени да дадат шанса за неговите радикални предлози по децениите на економски пресврт. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан