• петок, 22 ноември 2024

Втор ден по ред пад на цените на акциите на Волстрит

Втор ден по ред пад на цените на акциите на Волстрит
Њујорк, 2 јуни 2022 (МИА) - Цените на акциите на Волстрит втор ден по ред бележат пад, затоа што инвеститорите се несигурни колку американската Централна банка ќе мора да ја заостри монетарната политика, со цел да ја потисне високата инфлација. „Дау Џонс“ (Dow Jones) ослабе за 176 поени или 0,54 отсто, на 32,813 поени, додека С&П 500 (S&P 500) се намали за 0,75 отсто, на 4,101 поен, а индексот „Насдак“ (Nasdaq) за 0,72 отсто, на 11,994 поени. По неколку недели паѓање, минатата седмица тие индекси се зголемија за повеќе од шест проценти. Тоа вроди надеж кај инвеститорите, дека пазарот почнува да закрепнува. Но, во изминатите два дена, цените на акциите повторно доживеаја пад. бд/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан