Втор ден од натпреварите на ракометниот турнир Струга 2025
- На ракометниот турнир Струга 2025 попладнево на програмата се мечевите од второто коло, а поради високите температури организаторот почетокот на натпреварите го помести за 15 минути
Струга, 14.август 2025 (МИА) - На ракометниот турнир Струга 2025 попладнево на програмата се мечевите од второто коло, а поради високите температури организаторот почетокот на натпреварите го помести за 15 минути.
Почетокот на првиот натпревар од програмата меѓу Тиквеш и Раднички почнува во 18:45 часот, додека вториот дуел меѓу Охрид и Бурса треба да почне во 20:55 часот.
На вчера одиграните дуели: Бутел - Раднички 32:32 и Струга - Охрид 23:31. мн/
Фото: Фејсбук ракометен турнир Струга 2025