Втора теристичка дезинсекција на 8 јули во Македонска Каменица
- Во ноќните часови на 8 јули, на територијата на Општина Македонска Каменица ќе се спроведе втора теристичка дезинсекција, информираат од општината.
Македонска Каменица, 7 јули 2025 (МИА) - Во ноќните часови на 8 јули, на територијата на Општина Македонска Каменица ќе се спроведе втора теристичка дезинсекција, информираат од општината.
Како што соопшти градоначалникот Димчо Атанасовски, третманот ќе го изврши ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани, со примена на еколошки, широкопојасен инсектицид одобрен од надлежните институции. Средството е наменето за уништување на возрасни единки на комарци.
– Дезинсекцијата ќе се реализира во доцните вечерни часови за да се минимизира влијанието врз секојдневието на граѓаните. Во случај на неповолни временски услови, активноста ќе биде одложена и ќе се изврши во првиот следен погоден термин, истакна Атанасовски.
Општина Македонска Каменица како што додаде останува посветена на заштитата на јавното здравје и обезбедување на хигиенски побезбедна животна средина за сите граѓани. вс/сст/
Фото: Општина Македонска Каменица