• среда, 24 април 2024

ВТА турнирот во Сан Хозе преместен во Вашингтон

ВТА турнирот во Сан Хозе преместен во Вашингтон

Вашингтон, 2 јуни 2023 (МИА) – Здружението на женски професионални тенисерки (ВТА) донесе одлука турнирот од Сан Хозе, кој во 1971 година го втемели Били Џин Кинг, од оваа година да се пресели во Вашингтон.

Турнирот е од категоријата 500 и е на програмата од 29 јули до 6 август, паралелно со машкиот АТП турнир од серијата 500. 

Со ова Вашингтон ќе стане прв град кој истовремено ќе биде домаќин на машки и женски турнир од оваа серија.

Досега тенисерите и тенисерките истовремено играа во исти градови само на грен – слем и на турнирите од серијата  „мастерс 1000“. ег/вг/

 

Фото: Твитер

Остани поврзан