• вторник, 16 април 2024

„Вселена.Човек.Интелигенција.“ - изложба на Гете-институт од 3 април во КИЦ

„Вселена.Човек.Интелигенција.“  - изложба на Гете-институт од 3 април во КИЦ

Скопје, 24 март 2023 (МИА) - „Вселена.Човек.Интелигенција.“ е интерактивна изложба за млади, која Гете-институт во соработка со друштвото Макс Планк ја прикажува низ светот, а од 3 до 28 април ќе може да се посети во изложбениот простор на Култро-информативниот центар во Скопје.

Изложбата „Вселена.Човек.Интелигенција.“ обработува пет тематски области - Вселена, историја на човештвото, мозок, антропоцен и вештачка интелигенција. За секоја од наведените теми постои соодветна станица, на која посетителите на забавен начин и со интерактивни елементи може да дознаат повеќе за темите како што се компјутерско преобразување (морфинг) на лице, прикажувања на растојанија во вселената со помош на атмосферска обвивка, инсталации, со коишто може да се доживеат различни емоции преку влијанието на музиката или интеракцијата на роботите.

Гете институт изложба

- Целта на изложбата е на сите заинтересирани за Германија и германскиот јазик да им се покаже дека истражувањето во Германија ужива висок статус и е важен дел од германската култура. Изложбата поттикнува љубопитност за истражување на различни полиња и стимулира размислување за научни и општествени теми, информираа денеска на медиа брифинот на Гете институт од Скопје.

Гете институт изложба

Гете-институт е германска културна институција која својата дејност ја извршува низ целиот свет за афирмација на изучувањето на германскиот јазик во странство, а негува и меѓународна културна соработка. бт/сп/

Остани поврзан