Врсничкото насилство - тема на Општинсиот Совет за превенција од детско престапништво во Велес
- Општинскиот Совет за превенција од детско престапништво вчера ја одржа својата редовна седница на која се дискутираше за активностите во рамки на програмата чија цел е спречување на деструктивен облик на однесување на децата.
Велес, 27 ноември 2024(МИА) - Општинскиот Совет за превенција од детско престапништво вчера ја одржа својата редовна седница на која се дискутираше за активностите во рамки на програмата чија цел е спречување на деструктивен облик на однесување на децата. Како што денеска информираат од Општина Велес, акцент на седницата бил ставен на врсничкото насилство кое сè почесто се јавува меѓу децата во училиштата. Потоа се разговарало и за другите видови облици на насилство како булинг и сајбер насилство.
Претседателката на Советот за превенција од детско престапништво, Менче Андреева, пред членовите на советот го изнела предлогот на проф. др. Ѓорѓина Ќимова да се реализира вебинар на тема емоционално насилство и како да се надмине, во кој ќе се вклучат родителите и наставниците.
Инаку минатата недела во едно основно училиште во Велес се случи потешко врсничко насилство кога седмоодделенец на малиот одмор физичко го нападна соученикот и му нанесе тешка телесна повреда на главата, а поради што повредениот ученик итно беше пратен на болничко лекување во Скопје
- Ваквиот настан ја вознемири велешката јавност и ги поттикна надлежните за почесто организирање на едукативни средби со учениците со цел надминување на ваквите немили настани меѓу учениците во училиштата, потенцираат од Општина Велес. ад/ир/
Фото: Општина Велес