Временска прогноза
- Времето во Република Северна Македонија ќе биде претежно облачно, во утринските часови со повремен дожд кој особено на југозапад ќе преминува во слаб снег и на повисоките места. На планините

Скопје, 12 јануари 2020 (МИА) – Времето во Република Северна Македонија ќе биде претежно облачно, во утринските часови со повремен дожд кој особено на југозапад ќе преминува во слаб снег и на повисоките места. На планините врнежите ќе бидат од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус 2 до минус 5, а дневната од 1 до 7 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 6 степени.
Во наредниот период ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по котлините.