Временска прогноза
- Времето во Република Северна Македонија наутро ќе биде ведро и студено, преку денот сончево и тивко со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.

Скопје, 10 јануари 2020 (МИА) – Времето во Република Северна Македонија наутро ќе биде ведро и студено, преку денот сончево и тивко со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.
Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус 1, а дневната од 6 до 13 степени.
Во Скопје наутро ведро и студено со појава на утринска магла, преку денот сончево. Утринската температура ќе се спушти до минус 7, а дневната ќе достигне до 8 степени.
За време на викендот ќе има зголемена облачност со умерен северен ветер. На некои пониски места ќе има појава на слаб дожд, а на планините слаб снег. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.