• четврток, 16 мај 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 25 јануари 2020 (МИА) – Времето во западните делови во Република Северна Македонија ќе биде претежно облачно, а во источните сончево со умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 9 до минус 2, а дневната од 5 до 13 степени. Во Скопје умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 7, а дневната ќе достигне до 6 степени. Во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. И во текот на следната седмица ќе има услови за повремени врнежи, претежно во западните делови.

Остани поврзан