• петок, 17 мај 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – Времето во Република Северна Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе провејува снег. Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус 1, а дневната од минус 2 до 7 степени. Во Скопје променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дувам умерен ветер од северен правец.  Утринската температура ќе се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до 3 степени. Од сабота ќе преовладува стабилно време со постепен пораст на дневната температура.

Остани поврзан