Временска прогноза
- Времето во земјава ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер . Утрото ќе биде свежо.

Скопје, 5 септември 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Утрото ќе биде свежо.
Утринската температура ќе се движи од 7 до 17, а дневната од 25 до 31 степен.
Во Скопје, сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 29 степени.
Во следните денови ќе се задржи претежно сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во пораст.