Временска прогноза
- Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, а локално и во форма на невреме со грмежи, засилен вете

Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, а локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 22 до 30 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 27 степени.
Во наредните денови ќе се задржи нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во среда на повеќе места врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.