• недела, 22 декември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 3 октомври 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 5 до 13, а дневната од 23 до 28 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 27 степени. За време на викендот и почетокот на идната седмица ќе дува умерен повремено силен јужен ветер кој ќе допринесе да има пораст на температурата на воздухот. Во недела ќе има зголемување на облачноста со услови за изолирана нестабилност попладне. Во понеделник и во вторник на повеќе места ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер (над 80 км/час) и пороен дожд (над 20л/м2). Во вторник температурата ќе опадне од 6 до 9 степени.

Остани поврзан