• понеделник, 25 ноември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 4 октомври 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и натпросечно топло. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 7 до 15, а дневната од 26 до 30 степени. Во Скопје, слично време, променливо облачно со сончеви периоди и натпросечно топло. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 30 степени. Во понеделник попладне и во вторник ќе биде облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за поинтензивни процеси во форма на невреме. Од вторник дневната температура осетно ќе се намали.

Остани поврзан