Временска прогноза
- Времето во земјава ќе биде сончево и многу топло

Скопје, 30 август 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево и многу топло.
Утринската температура ќе се движи од 15 до 19, а дневната од 32 до 38 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
И во Скопје времето ќе биде сончево и топло.
Од вторник дневните температури постепено ќе опаѓаат. Во четврток и петок се очекува развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.