• недела, 22 декември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 7 август 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места, особено попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 23 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6. Во Скопје променливо облачно со повремен дожд, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 17, а дневната ќе достигне 26 степени. До недела ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Од понеделник се очекува постабилно време. Дневните температури ќе бидат во пораст.

Остани поврзан