Временска прогноза
- Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен северен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен северен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 3 до 12, а дневната од 15 до 22 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 19 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.