• недела, 09 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот. Утринската температура ќе се движи од 7 до 13, а дневната од  17 до 24 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 21 степен. Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи.

Остани поврзан