Временска прогноза
- Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови претежно во посеверните делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд,

Скопје, 25 јули 2020 (МИА) – Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови претежно во посеверните делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме.
Утринската температура ќе се движи од 15 до 22, а дневната од 29 до 37 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи со засилување на претежно западен ветер. Утринската температура ќе спушти до 18, а дневната ќе достигне 35 степени.
Во недела нестабилноста ќе биде претежно попладне и во источните делови од земјата. Од понеделник следува сончево време со побрз пораст на температурите и особено топло време на средината на работната недела.