• петок, 27 декември 2024

„Вреди“: Ќе одговараат сите оние лица кои ги злоупотребиле своите функции

„Вреди“: Ќе одговараат сите оние лица кои ги злоупотребиле своите функции

Скопје, 27 декември 2024 (МИА) - Фатмир Сабриу од Коалицијата „Вреди“ на денешната прес-конференција истакна дека ќе одговараат сите оние лица кои ги злоупотребиле своите функции.

-Сите оние кои без трошка совест или политички морал ги злоупотребиле своите позиции, претворајќи се од слуги на народот во грабливци на неговото богатство, ќе одговараат. Тие ќе се соочат со правдата и нема да избегаат од казната. Нивниот крај не е бегството – тоа е само почетокот на нивниот крај. Интересот на нашето општество, бидејќи оштетувањето на буџетот на државните институции е оштетување на нашите граѓани. Буџетот во институциите не се полни од подземјето, ниту паѓа од небото, туку се полни од нашите граѓани, рече тој.

Потенцира дека нивната коалиција предупредувале за коруптивните дејствија што се случиле во „Државна лотарија“.

Фатмир Сабриу од Коалицијата „Вреди“ коментирајќи го барањето на „Европскиот фронт“ за итна оставка од претседателот на Собранието Африм Гаши, истакна дека неговата изјава само ја отсликува р

- Мрежата предводена од Артан Груби од црната листа, која ја вклучува и Прпарим Бајрами, како и Елми Азири – самопрогласениот „интелектуалец“ кој за време на избори се нуди на пазар чекајќи која партија ќе го избере за пратеник – одиграла значајна улога, и кој навидум служел како мост меѓу овој клан и сопственикот на компанијата „Ритрон Копи“, Артан Ајрули. На 13 септември оваа година, ние како коалиција ВЛЕН јасно и транспарентно ги информиравме граѓаните дека компанијата „Ритрон Копи ДООЕЛ“, која беше тесно поврзана со пратеникот на Европскиот фронт, Елми Азири, во текот на 2022 година двапати добила тендер за јавни набавки во Државната лотарија со вкупна вредност од околу 3 милиони денари, рече тој.

Сабриу потенцира дека на 15 септември годинава информирале дека истата компанија, чиј сопственик е внук на сопругата на пратеникот Елми Азири, добила тендери од Општина Липково, од Средното училиште „Исмет Јашари“ во Липково, од гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово и од ЈЗУ – Здравствениот дом – Куманово.

-На 16 септември, продолживме со апел како коалиција ВЛЕН, повикувајќи ја Антикорупциската комисија и истражните органи да преземат мерки за потенцијалниот конфликт на интереси на пратеникот Елми Азири, бидејќи, компанијата во сопственост на внукот на неговата сопруга за една година инкасирала 7 милиони денари од државни институции. Еве не сега, три месеци подоцна, со вест која ја потврдува целата приказна: Уапсен е Артан Ајрули, сопственикот на компанијата „Ритрон Копи“. Што се случи? Овој коруптивен клан ги злоупотребил јавните позиции за лична корист и за ограбување на буџетот што им припаѓа на граѓаните! Само во еден случај, штетата нанесена на Државната лотарија изнесува застрашувачки 6,7 милиони денари, рече Сабриу. фф/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан