• сабота, 21 декември 2024

ВРЕДИ: Селвер Ајдини, со партиска книшка на ДУИ, служеше една деценија во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги

ВРЕДИ:  Селвер Ајдини, со партиска книшка на ДУИ, служеше една деценија во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги

Скопје, 15 ноември 2024

ДУИ и некои од нејзините сателити, сега кога се во опозиција, се обидуваат да наметнат лажен политички морал. Но, и ова не им поминува бидејќи граѓаните многу добро и јасно знаат како го злоупотребиле секој институционален механизам само за своја корист. Тоа што ДУИ зборува за постапување спротивно на законите е апсурдно само по себе. ДУИ е синоним за постојано кршење на законот, и недвосмислено е дека за тоа треба и ќе има одговорност.

Пред да зборува за закони, ДУИ треба да се погледне во огледало, бидејќи е првата што се очекува да се соочи со правдата за постојаното кршење на законите, за нерегуларностите насекаде каде што стапнале оставиле траги на злоупотреба и манипулации.

Јавноста многу добро знае дека Унијата за Девалвирање на Институциите (ДУИ) е типичен модел на погрешен начин на водење на институциите. Затоа, ВЛЕН се залага секоја институција да биде на услуга на граѓаните и да нуди услуги со највисок квалитет.

Од ДУИ испуштиле крик за предложените советници во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми, отишле до таму да ги квалификуваат како дејство што е во спротивност на законот.

ВЛЕН ја потсетува јавноста дека потпретседателот на овој Совет Селвер Ајдини е почесен член на ДУИ. Ајдини е активист и ревносен член кој не пропушта ниту една седница или собир на огранокот на ДУИ во градот Куманово. За ова ДУИ го награди со именување во Советот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. И оваа награда што ДУИ му ја даде на сопартиецот тогаш не размислуваше за закони, туку имаше цел да смести партиски членови кои потоа ги претвора во „мамца“ за гласови во време на избори.

Основниот принцип на работа на ВЛЕН е меритократијата!

 

ВРЕДИ

________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан