• четврток, 21 ноември 2024

Вреди: Клопчето се одмотува - фамилијарните скандали први на тапет

Вреди: Клопчето се одмотува - фамилијарните скандали први на тапет

Скопје, 25 јули 2024

Институциите покажуваат подготвеност да делуваат ефикасно и да испорачуваат правда, без разлика на етничка, верска или политичка припадност. ВЛЕН го поздравува предлогот на Министерството за финансии и одлуката на Владата за одземање на првите две лиценци за коцкарници кои не го почитувале законот. 

Истовремено, Барањето за автентично толкување кое го поднесовме во Собранието, како дел од Планот на ВЛЕН за справување со штетните последици од коцкањето, ќе овозможи затворање на интернет коцкарниците и ќе создаде правни предуслови за одговорност за сите поранешни функционери кои со неодговорни одлуки ја донесоа коцката во секој дом. 

Новата Влада го започна процесот на обезбедување на владеење на правото, правната сигурност и еднаквост пред законите и тоа веќе никој не може да го сопре. Кривичните пријави против Дрин и Бесиан Ахмети е потврда дека повеќе нема недопирливи само затоа што се роднини на високи партиски функционери. 

Очекуваме правосудните органи да делуваат ослободени од политички влијанија, да ги ценат доказите во фер и транспарентна постапка што ќе придонесе за враќање на довербата на граѓаните дека правдата е достижна и за највисоките политички кругови.

Вреди

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан