• петок, 22 ноември 2024

Враќањето на Марин ле Пен

Враќањето на Марин ле Пен
12 февруари 2021 Политико Лидерката на десничарската партија Националено собир, Марин ле Пен никогаш не била поблиску до власта во Франција отколку сега, покажува најновото истражување според кое, таа не само што би поминала во вториот круг од претседателските избори, туку и би освоила најголем број на гласови, објави бриселскиот портал Политико. Според најавите Ле Пен би требало да „го украде оружјето“ во телевизиската емисија со министерот за внатрешни работи Жерар Дармањин, а нејзиниот настап внимателно ќе биде гледан, четири години откако тогашниот претседателски кандидат, а сега претседател Емануел Макрон ја порази во дуел пред изборите. „Враќањето на долга дебата со тежок противник е начин да се прочисти воздухот за дебатата од 2017 година, изјави еден од претставниците на Национален собир. Како што се наведува, таа епизода од 2017 година го остава прашањето дали харизматичната лидерка на крајната десница целосно се опоравила. Претходните месеци Ле Пен се обидува да дојде до медиумски простор, што е окупиран од претставниците на власта поради актуелната пандемија. Послед речиси една деценија на чело на својата партија, Ле Пен и понатаму е неприкосновена лидерка, но само затоа што никој друг не покажа амбиции. Таа по 2017 година се повлече од фронтот за политички натпревар го препушти на еден од  помладите членови да ја води кампањата во 2019 година за Европскиот парламент, за таа подобро да го сочува својот капитал за големата трка. Понекогаш беше обвинувана дека скршнала од патот, на пример кога објави дека добила дозвола за одгледување на мачки. Функционерите од нејзината партија сметаат дека кризата со пандемијата не и е во нејзина корист и оти ограничувачките мерки нја ограничија нејзината видливост, но истакнуваат дека една од нејзините способности е да воспоставува врски и кога запре капмањата таа часови поминува со жителите на депресивните градови на северот, кои станаа нејзин политички дом. „Нејзината сила е во тоа што таа е ѕвезда, изјави нејзиниот соработник и окружен соработник во Марсеј, Франк Алисио. Кампањата за претседателските избори следната година ќе биде отежната, ако не и невозможна, но и покрај тешкотиите, се свртува среќата кон Ле Пен. Најновите истражувања покажуваат дека во вториор круг би била многу мала разликата помеѓу Ле Пен и актуелниот претседател Макрон. Во корист на Ле Пен е и минатогодишниот бран терористички напади и плановите на Макрон за борба против тероризмот, а во меѓувреме таа успеа да ја постигне својата цел и да ја нормализира партијата. Сепак, минатата недела Ле Пен најави дека еден од нејзините главни приоритети, доколку биде избрана, ќе биде прашањето за миграцијата и најави дека нејзина задача ќе биде да ја стави под контрола, со поголема контрола на границата и со визна политика. Ле Пен пред претседателските ќе мора да се докаже на регионалните избори кои се одржуваат во јуни, но ќе мора да внимава на некои од своите поранешни соработници, вклучително и нејзината внука Марин Марешал, која, според многумина, се подготува за неуспехот на својата тетка и создава постојани тензии.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан