• четврток, 21 ноември 2024

Вработувањето во САД значително забавило во октомври, поради ураганите и штрајковите

Вработувањето во САД значително забавило во октомври, поради ураганите и штрајковите

Вашингтон, 1 ноември 2024 (МИА) - Вработувањата во САД значително забавиле минатиот месец, а под влијание на катастрофалните урагани и штрајковите. Извештајот од Министерството за труд, објавен само четири дена пред претседателските избори, може да влијае на одлуката на гласачите, кои се засегнати од економијата, за кого да го дадат гласот.

Економијата на САД во октомври создала сезонски прилагодени 12.000 работни места, во споредба со 223.000 во септември – далеку под претпазливата прогноза на економистите од 100.000.

И покрај ова забавување, стапката на невработеност останала стабилна од околу 4.1 отсто, што е во согласност со очекувањата и останува историски ниска.

Низ југоистокот, ураганите Хелен и Милтон оставија илјадници луѓе без работа, а штрајкот на Боинг одалечи уште повеќе работници.

Економистите веруваат дека поголемиот дел од падот во октомври е привремен и веројатно нема да ги промени пошироките динамики на пазарот на трудот, бидејќи платите продолжија да растат.

Сепак, тајмингот на извештајот може да претставува потенцијален проблем за кампањата на потпретседателката Камала Харис. Поранешниот претседател Доналд Трамп брзо реагираше на нискиот број вработени, при што неговиот штаб излезе со соопштение: „Овој извештај за работните места е катастрофа и дефинитивно покажува колку Камала Харис ја уништила нашата економија.“ кб/

Фото: МИА архива
 

Остани поврзан